ЗА НАС

Почеток » За Нас

Мираж МК ДООЕЛ е водечка компанија од Македонија доставувач на опрема и материјали за дигитално печатење во широк формат на материјали од ролна и плочести материјали, како и текстили и церади. Компанијате е формирана во 2008 година како дел од Totem Group – Bulgaria. По формирањето, компанијата успешно се позиционираше на пазарот и во моментот соработува со некои од најреномираните брендови производители на машини за дигитален печат, медии и бои.

Просториите, канцеларијата и магацинот, се лоцирано во Скопје, каде нашиот тим од професионалци ве очекува, подготвен да ви понуди најдобри решенија и совети за потребите на вашиот бизнис и да ве услужи со беспрекорен сервис. Дополнително, Мираж МК нуди техничка поддршка како за опремата во гарантен рок, така и по истекот на гаранцијата.

Мираж МК е во партнерство и ги дистрибуира некои од светски познатите водечки компании во индустијата на дигитално печатење, меѓу кои се: EFI / Vutek, Roland, D.Gen, Liyu, Summa, Transmatic, Formech, Rollsroller, Forsthoff, Impulsa, Intercoat, 3A Polycasa, Simona, SIOEN, Sensient, 3M, Natura, PONGS, Caldera, Onyx, Wasatch и други. Компанијата исто така нуди широк асортиман на медии за дигитално печатење и рекламирање. Вршиме бесплатна испорака до вашата локација во Скопје, за поголеми количини и низ Македонија, а исто така вршиме и испорака за помали колиини преку карго служба на ваша сметка.

Нашата визија

Нашата визија е на нашите клиенти да им овозможиме комплетна понуда на опрема и материјали потребни за остварување на барањата на нивните клиенти во рекламната индустрија.

Мираж МК е препознаен како најдобар добавувач во индустријата за дигитално печатење во Македонија, и со сиот наш ангажман ќе се трудиме да ја одржиме стекнатата доверба.

За нас е важно да сме во состојба да ја понудиме најновата и најсовремената технологија на нашите клиенти, и со овој развој на нивните капацитети и можности да ги одржиме високо конкурентни на нашиот пазар и пошироко.

Мираж МК на своите клиенти ќе им обезбеди висок квалитет на печат со што ќе ги одржи нивните машини во најдобра техничка исправност во секое време, па затоа веднаш ќе реагираме брзо и стручно при појава на било каков проблем. Процесите на печатењето се темелат на соодветното познавање и вештините на операторот, потребни за функционирањето на машината како и тековното одржување, а ние ја обезбедуваме соодветата обука за ракувањето и безбедноста при работата.

назад