СЕРВИС И УСЛУГИ
Инсталација и обука
Нашите услуги за инсталација и обука се клучен фактор кој не издвојува од другите на пазарот.
Инсталација
Уште при првиот контакт со нашите инженери ќе забележите дека тие се секогаш професионални и пријателски расположени. Тие се обучени и искусни во својата област, а вас и на вашиот принтер ќе му пристапат со сето техничко знаење и потребно време. Секоја инсталација за нас претставува единствен процес и предизвик за да ги оствариме вашите потреби и задоволство.
Обука
Обуката е составен дел од нашите технички услуги. Нашите инженери ја имаат потребната експертиза да ја извршат обуката на клиентот за да може успешно и безбедно да ракува со комплетната опремата која се нуди во нашето портфолио.
Искуството во одржувањето на плотери за печатење во широк формат, стекнато во годините зад нас, ни овозможува да ги споделиме стекнатите знаења и да ви помогнеме да ги искористите сите предности на вашиот принтер, катер или др. машина, во практична смисла, нудејќи притоа решенија како да ги постигнете саканите резултати.
По завршувањето на обуката од страна на нашите инженери, тие за вас се достапни на повик. Доколку за вас ова е прв принтер, постои можност да имате повеќе прашања по заминувањето на инженерите и ние секогаш ќе бидеме достапни да го прифатиме вашиот телефонски повик.
Калибрација на бои и креирање на колор профил заштедува време и пари
Имплеметацијата на основните стандарди за колор менаџмент на вашите уреди, обезбедува правилна репрезентација на боите од самиот почеток, ефикасно користење на опремата и остварување на соодветните барања на вработените и на клиентот. Така ќе бидат избегнати непотребните трошоци за препечатување на вратените нарачки.
Нашите обучени техничари се соодветно квалификувани да извршат калибрација на боите и генерираат колор профил за материјалот на кој се печати. Тие се опремени со најсовремена потребна опрема и алатки – рачен X-rite i1Pro, како и X-rite i1Publish Pro2 со автоматска табла i1iO и врвниот спектрофотометар Barbieri LFP.